18/01/2025
jajca

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден -Христовото воскресение, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите.

Во сите православни храмови се одржува воскресенска велигденска литургија. Верниците се поздравуваат со традиционалниот поздрав „Христос воскресе – Навистина воскресе“. Денеска се кршат велигденски јајца и се јаде мрсна храна по 40-дневен пост.

Празникот на Христовото воскресение – Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него и докажувајќи дека е Бог.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек. Празнувањето почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога се бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа и се практикувала уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници.