18/01/2025
На изборниот ден автобусите ќе возат како во недела

Скопскиот јавен превоз утре, на денот на изборите ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, информираа од ЈСП „Скопје“.
Граѓаните кои ќе имаат потреба да ја надополнат картичката за превоз, тоа ќе можат да го направат во една од двете дежурни билетарници – кај Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе бидат отворени од 7 до 14 часот.